Истрага против Баерн Минхен за: Е*и го ВАР! Е*и ја УЕФА!

Во текот на реванш-пресметката против Ливерпул во осминафиналето од ЛШ, на трибините од „Алијанц“ арената се забележани транспаренти со кои навивачите на Баерн ја навредија УЕФА, но и ВАР-технологијата. Токму затоа УЕФА покрена истрата против германскиот првак, а вулгарната порака на транспарентот гласеше:

„Модерниот фудбал е ср*ње! Е*и го ВАР, е*и ја УЕФА!“

Баварците се под истрага и поради носење на погрешна опрема во текот на дуелот против „црвените“. Имено, играчот за врска Леон Горецка, на теренот се појави со дрес кој Баерн го употребува во домашното првенство, со двата спонзори на „Т-Мobile“ и „Qatar airways“. Според правилата на Европската фудбалска куќа, за континенталните мечеви на дресовите смее да има само еден спонзор.

Сослушувањето од страна на дисциплинската комисија на УЕФА ќе биде на 16 мај.

- Оглас -

Најнови вести