Истрагата на УЕФА околу инцидентот пред финалето во ЛШ открива скандал

Истрагата на УЕФА открива скандалозни детали околу инцидентите кои се случуваа пред стадионот „Франција“ во Париз, во пресрет на финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул кое се одигра на 28 мај.

Снимки од безбедносните камери со кои можеше да се добие појасна слика околу тоа што точно се случувало пред стадионот, се избришани. Според законите во Франција, снимки од безбедносни камери автоматски се бришат по седум дена доколку полицијата не побара истите да се сочуваат.

Сепак, снимките наводно биле избришани по само три дена, а во недостиг на докази се попречува разрешување на случајот.

Финалето беше одложено за нешто повеќе од половина час бидејќи пред портите на стадионот имаше нереди. Голем дел до навивачите на Ливерпул кои допатуваа во француската метропола, се обидуваа да влезат на стадионот без билет, по што полицијата мораше да употреби солзавци за да ја разбие толпата.

Од таборот на Ливерпул се пожалија дека полицијата немилосрдно се однесувала кон навивачите меѓу кои имало и многу деца,

- Оглас -

Најнови вести