Истражување на ФФМ и УЕФА: Фудбалот е најпопуларен спорт во Македонија, следуваат ракомет и кошарка

Фудбалот е спорт број 1 во Македонија. Ова го покажаа резултатите кои произлегуваат од научното истражување кое го спроведе Kantar Mediaводечка меѓународна компанија специјализирана за истражување, податоци и увиди во име на Фудбалската федерација на Македонија, со поддршка на УЕФА

Фудбалот во Македонија е најпопуларен спорт и поради бројот на деца кои започнуваат да тренираат и играат фудбал. Во споредба со 2016 година, интересот за фудбалот пораснал кај речиси сите возрасти кај мажите, а опаднал кај жените и кај младите машки лица од 18 до 24 години. Над 80 проценти од машкото население во Македонија знае дека нашата репрезентација ќе игра на Европско првенство.

Зад фудбалот, според популарноста, второто место го држи ракометот, трета е кошарката, па тенисот и одбојката како четврти и петти спорт кој предизвикува најголем интерес.

Целосните резултати од истражувањето може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести