Италија го „брише“ правилото за дефибрилатор – Интер сега може да си го врати Ериксен

Фудбалската федерација на Италија во јуни ќе го промени правилникот за настап на фудбалерите.

Така, досегашниот закон дека играчите не смеат да користат дефибрлиатори ќе биде драстично променет. Федерацијата во соработка со тамошното министерство за здравство изготвува нов правилник со кој што би им се дозволил настап во лигите со дефибрилатор.

Сето тоа беше доволно да се отворат шпекулациите дека Интер повторно би можел да го врати Кристијан Ериксен во своите редови, откако договорот беше споразумно раскинат току поради горенаведениот правилник.

Договорот на Ериксен со Брентфорд истекува на лето а тој со мизмената би имал право на настап во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести