Италија ги менува стадионите кога игра дома, навивачите велат само едно место не доаѓа во предвид за мечот со Македонија

Италија често ги менува стадионите кога е домаќин во кваклификациски мечеви, а навивачите во голем број сакаат да се избегне само едно место, а тоа е стадионот во Милано за бараж дуелот со Македонија на 24. март.

Таму имаше срамен инцидент на финалниот турнир за шампион на Лигата на Нации кога навивачите на Милан постојано вербално го навредуваа Џиџи Донарума, а на „Сан Сиро“ Италија не успеа да ја победи Шведска во баражот за претходниот Мундијал во Русија во 2018 година.

Се уште не е познато каде ќе се игра мечот меѓу Италија и Македонија, а најверојатно тоа ќе биде „Олимпико“ во Рим.

Единственото гостување досега кај четирикратните светски орваци ни беше пријатно и заврши нерешено 1:1, а се играше на „Олимпискиот стадион“ во Торино пред четири години.

Италија во овие квалификации за СП играше на различни стадиони. Со Северна Ирска победија со 2:0 на „Енио Тардини“ во Парма, потоа во Фиренца на „Артемио Франки“ со реми 1:1 ги изненади Бугарија, па ја декласираа Литванија со 5:0 на „Мапеи“ во Реџо Емилија и за крај ремизираа 1:1 со Швајцарија на „Олимпико“ во Рим.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести