Италија и Шпанија играат за слава, и порака до балканското ватерполо

Ватерполо селекциите на Италија и Шпанија заедно имаат пет светски титули, тоа се национални тимови од земји кои доминираа во ватерполото во 90-тите, па затоа публиката во Јужна Кореја ќе ужива во ова класико.

Финалето се игра од 11.30 часот, а според квотите во Sport Life, благ фаворит е „црвената фурија“. Шпанките беа надиграни и поразени во женското финале, па сега мажите имаат прилика да ги поправат работите.

Италија е трикратен светски првак, последен пат „аѕурите“ славеа во 2011 година. Италијанците имаат големи победи над Шпанија, на Олимписките игри во Барселона во 1992 и на СП во Рим во 1994 година.

Шпанија има серија од четири победи по ред против Италија, но Италијанците досега ги добија сите мечеви на годинешното СП. Двата финалисти обезбедија место на ОИ 2020, а денеска играат за злато и порака до балканските селекции и Унгарија дека не треба да се опуштаат и да мислат дека немаат конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести