Италија ја чека пресметката на „кралевите на 16-никот“

Стадионот „Алианц“ во Торино, од 18 часот ќе биде сведок на дуел помеѓу две гол-машини кои доминираат во противничките 16-ници. Оние 665 квадратни метри колку што е голем противничкиот казнен простор, е местото каде што Кристијано Роналдо и Кжиштоф Пјонтек најпријатно се чувствуваат и се постојана закана за ривалите.

Никој друг во Европа не шутира толку многу во шеснаесетникот како Кристијано, а блиску зад него е и Пјонтек. Роналдо во осумте кола има 40, а Полјакот 30 шута. И во шутевите со глава кон противничките голови, тие се во Топ 5 на континентот.

Португалецот е постар десет години, кога тој почнуваше како дете, го забележаа на терените во Фуншал, во дресот на Андориња, потоа и на Спортинг Лисабон, а дека времињата се менуваат, доказ е што Пјонтек беше ангажиран откако раководството на Џенова го гледаше на компјутер, на видео снимки.

Можеби нашиот Горан Пандев на кого му лежат мечевите против Јуве, ќе ги засени двете ѕвезди во кои ќе бидат вперени очите, и ќе придонесе за прв кикс на „старата дама“ која засега е перфектна.

- Оглас -

Најнови вести