Италија повеќе од 40 години немала ваков пораз на свој терен, Спалети објасни која е причината за тоа

Италија во последното коло го загуби првото место во групата од Лигата на нации, откако на „Сан Сиро“ загуби од Франција со 1:3. Аѕурите не требаа да загубат со два или повеќе голови, но токму тоа се случи, па на крајот Франција со 13 бодови и подобра гол разлика е прва пред Аѕурите кои истотака имаат 13 бодови.

Рабио е херојот на Франција со два постигнати голови, а еден погодок на гостите всушност беше автогол на Италија. Овој пораз со 1:3 е најтежок за Италија на домашен терен во официјален меч во последните 40 и повеќе години.

Италија пред своите навивачи немаше загубено со два или повеќе разлика уште од 15 октомври 1983 година, кога со 0:3 беа поразени од Шведска. Тоа беше дуел во квалификациите за ЕП 1984 година.

И покрај поразот, селекторот Лучано Спалети верува дека овој неуспех нема многу да ги размрда. „Лошо е кога ќе се прими гол на самиот почеток. Тоа што најмногу ни создаде проблеми е тоа дека играчите од средниот ред не ја чистеа навреме опасноста. Требаше да ја имаме топката во наши нозе многу повеќе, но не успеавме во тоа. Ова е удар за нашата самодоверба, но мислам дека севкупната оценка за овој период уште е позитивена“, рече Спалети.

 

- Оглас -

Најнови вести