Италија веднаш започнува со работа: Ќе се реконструира култниот стадион за ЕП 2032 (Фото)

Европската фудбалска унија вчера објави дека Италија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство во 2032-рата заедно со Турција, па италијанците веднаш се фатија за работа.

Еден од стадионите на кои Италија ќе биде домаќин е култниот “Маркантонио Бентегоди“ во Верона. Градоначалникот на овој град најави дека реконструкцијата започнува уште денес со некои помали работи, а ќе продолжи со комплетна промена на кровната конструкција, столчињата и околината на стадионот. Ќе биде зголемен и капацитетот од сегашните 39.000 на 45.000.

На овој стадион играат екипите на Киево и Верона, а еве како изгледа во моментов.

- Оглас -

Најнови вести