Италијанец ја повтори магијата на Роналдо, па си доби дрес и автограм од Португалецот (Видео)

Португалската фудбалска суперѕвезда, Кристијано Роналдо, направи прекрасен гест, откако на еден 19-годишен фудбалер кој настапува во регионална лига во Ломбардија во Италија, му подари дрес со автограм. Младиот Франческо Салерно, на натпревар минатата година постигна прекрасен гол со ножички, кој многу потсетува на погодокот на Роналдо од мечот Јувентус – Реал Мадрид од 2018 година, за кој самиот Кристијано вели дека му е најубав во кариерата.

Пред неколку дена, Франческо кој освен што игра за малиот локален клуб Говернолезе, навивач е на Наполи, а како подарок доби дрес на Јувентус потпишан лично од Роналдо. „За Франческо, прекрасен гол“ – напиша Кристијано Роналдо во кратката посвета.

Ова е голот на Салерно со кој си заслужи дрес од еден од најдобрите играчи на светот:

- Оглас -

Најнови вести