Италијанската легенда соопшти: За жал, ќе мора уште еднаш да се борам против ракот

Италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали соопшти дека по вторпат во својот живот се бори против ракот.

Вијали летово беше дел од селекторскиот тим на Италија со којшто го освоија Европското првенство.

„За жал, борбата со несаканиот гостин во моето тело продолжува и знам дека тука нема да биде крајот.

Но, се надевам дека ќе ја добијам оваа војна и дека ќе останам уште долги години во фудбалот. Јас сум секогаш оптимист“, изјави Вијали.

Пред него е уште една тешка животна битка, која доколку успее да ја надмине, ќе биде добредојден назад во селекцијата на Италија, којашто во март ќе игра против Македонија во баражот за СП.

 

- Оглас -

Најнови вести