Италијански гигант прави напори да го доведе Хари Мегваер од Манчестер јунајтед

Хари Мегваер во 2019 година за рекорден трансфер на еден дефанзивен фудбалер направи трансфер од Лестер во Манчестер јунајтед. За брзо време тој ја доби и капитенската лента и требаше да биде лидер во одбраната.

Сепак, како што поминуваше времето, Мегваер сè почесто имаше слаби мечеви, а неговите киксови значеа и порази на Црвените ѓаволи. По доаѓањето на Ерик тен Хаг за тренер на „Олд Трафорд“, Мегваер почесто е на клупата за резерви отколку на теренот, па тоа беше и најава дека е можно англискиот репрезентативец да си замине.

Според некои шпекулации, италијанскиот гигант Интер може да го доведе Мегваер на „Џузепе Меаца“. Од тимот на Интер се очекува заминување на Милан Шкрињар, чиј договор истекува на крајот од сезоната, па англискиот дефанзивец е како опција за негова замена.

- Оглас -

Најнови вести