Италијански „мафијаш“ смета дека Марадона и Меси не можат да се споредат, Ел Пибе е најдобриот на сите времиња

Популарниот италијански актер, Салваторе Еспозито, кој ја толкува една од главните улоги во ТВ-серијата „Гомора“, во која се зборува за мафијата, смета дека Диего Марадона и Лионел Меси, не можат да се споредуваат дури и доколку Аргентина предводена од Лео в недела ја совлада Франција и стане светски шампион.

Еспозито, кој во серијата го толкува ликот на Џенаро, синот на шефот на неаполската мафија „Камора“, Пјетро Савастано, тврди дека Меси не може да биде најдобар фудбалер во историјата и доколку триумфира на Светското првенство во Катар.

„Меси не може да се споредува со Марадона дури и доколку триумфира на СП во Катар. Не го говорам ова како навивач на Наполи, туку како човек кој во живот го гледал Диего. На крајот на краиштата, Меси секогаш играл за големи клубови и бил воден од големи тренери, додека Диего освојуваше титули со Наполи и со Аргентина, која во тоа време не беше толку добра како сега. Како можете да ги споредувате противниците на Марадона и Наполи во тоа време со сегашниот фудбал. Во тоа време, Серија А беше убедливо најсилна лига на светот, а Диего на Наполи му донесе две титули во таа лига. Не сакам да бидам погрешно сфатен, се надевам дека Меси ќе ја освои титулата на СП во Катар, но некои работи едноставно не можат да се споредуваат“, изјави Еспозито.

- Оглас -

Најнови вести