Италијанското првенство ќе ја укине употребата на ВАР?!

Натпреварите од италијанското фудбалско првенство можеби ќе треба да се одвиваат без ВАР-системот откако сезоната во Серија А ќе биде продолжена во текот на летото по завршувањето на пандемијата од Коронавирусот. За одирување мечеви без ВАР-технологија најави претседателот на Асоцијацијата на италијанските фудбалски судии, Марчело Ники.

„Веројатно ќе бидеме принудени да ја преземеме оваа мерка. ВАР-собата се монтира во фургони, во тесни простори, каде што операторите седат блиску еден до друг и е невозможно да се држи дистанца. Ова може да се покаже како проблем, но се надевам дека нема да стигнеме дотаму“, најави Ники.

 

- Оглас -

Најнови вести