Италијанците го сменија крајниот рок за завршување на сезоната

Непосредно по препораката од УЕФА за актуелната сезона во домашните фудбалски шампионати да се доиграат до 3 август, челниците на Италијанската фудбалска федерација одлучија да го поместат финишот на сезоната во Серија А за 2 август, наместо 30 јуни да биде крајниот рок.

Оваа промена им дава простор на калчолигашите повеќе време да се подготват за доигрување на сезоната. Предвидено е фудбалот во Италија да се врати со реванш-натпреварите од полуфиналето во Купот на Италија кон крајот на мај, додека тимовите на 4 мај најверојатно ќе се вратат на тренинзи.

Воедно, новиот распоред на натпреварите нема да биде густ како што се претпоставуваше, ако се земе предвид дека мечевите од нокаут-фазата во ЛШ и ЛЕ се предвидени да се доиграат во август.

- Оглас -

Најнови вести