Италијанците ќе заборават како е да се биде на стадион, без публика дури до март

Италија е една од најтешко погодените земји од корона-вирусот, а веќе се размислува за термини кога работите ќе почнат да се враќаат во нормала и има реална шанса фудбалските натпревари да се играат без публика дури до март следната година.

Италијанските медиуми објавија како ќе се одвиваат фазите со попуштање на мерките. Според тој план, во Италија треба да се игра без навивачи до март, а до март ќе биде забрането и работењето на дискотеките и ноќните клубови. Во Италија се многу претпазливи и иако ситуацијата сега се подобрува, не сакаат да им се врати периодот кога имаше рекордни бројки на починати и заразени од корона.

Од завчера отворени се книжарниците, а како дел од првата фаза, задутре на 18 април треба да се реактивираат земјоделските и индустриските компании.

Втората фаза почнува на 4 мај, датум од кој луѓето ќе може слободно да се шетаат по улиците, но задолжително ќе биде носење маска и ракавици и држење дистанца од еден метар. Истиот дел ќе почнат да работат текстилните фабрики и продавниците за облека, но трговските центри ќе останат затворени. Во мај ќе треба повторно да проработат судови, ресторани, фризерски салони (со по еден клиент внатре). Финишот на постепената нормализација е на 31 март 2021, кога сите рестрикции ќе завршат и ќе се отворат границите.

На 31 мај треба да почне и фудбалската Серија А, а пред тоа ќе се игра Купот.

- Оглас -

Најнови вести