Италијанците знаат кога ќе се отвори летниот трансфер прозорец

Летниот трансфер прозорец за сезоната 2020/21 ќе се отвори на 1 септември и ќе трае до 5 октомври, тврдат одредени италијански медиуми. УЕФА ќе мора да направи вакви промени со оглед на тоа дека голем дел од првенствата дури сега продолжуваат со натпреварување, додека во Англија, Шпанија и Италија рестартот е најавен дури во средината на јуни.

Предвидено е шампионатите да завршат до почетокот на август, а потоа веднаш да се продолжи сезоната во ЛШ и ЛЕ, па дури потоа клубовите да се насочат кон ангажмани. Воедно треба да се реши проблемот со позајмиците и играчите на кои им истекуваат договорите на 30 јуни, а најверојатно ќе се потпишуваат краткорончни продолжувања на истите, со цел да се избегне хаос во јули и август.

 

- Оглас -

Најнови вести