Иванишевиќ: Тука не е крајот на Новак, цел е да се освојат сите четири гренслема во 2023!

Хрватот Горан Иванишевиќ, кој му е тренер на Новак Ѓоковиќ, верува дека српскиот тенисер може да освои уште многу гренслем-титули и најавува дека рекордот од 23 такви трофеи ќе биде подобрен.

Следен на менито е Вимблдон во Лондон и ако и таму го крене пехарот, Ѓоковиќ ќе се изедначи со Маргарет Корт, која е рекордерка во женска конкуренција.

Иванишевиќ од 2019 година работи со Србинот.

„Ако ја вратам лентата назад до минатата година во Австралија, каде што се случија оние нешта и забраната, тогаш не знаевме што ќе биде, а денес тој има 23 титули. Ова не е крајот. Жалам што Рафа Надал не беше во Париз. Уште пред да станам дел од екипата на Новак, реков дека тие двајца може да освојат повеќе од 22 гренслема. Би сакал Надал да освои барем уште еден, но единствениот човек во моментов кој може да ги земе сите четири трофеи во иста година е Новак. Големиот слем е и големата цел. Не знам уште колку титули може да освои Новак, но мислам дека ќе бидат многу“, вели Иванишевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести