Ивановски со пехарот од Ираклион има и рекорден ранкинг на 633-тото место на АТП-листата

Калин Ивановски го освои вториот тениски пехар во кариерата со триумф на ИТФ-турнирот во Ираклион на Крит и тоа му донесе убав пробив на АТП ранг-листата на 633-та позиција.

Нашиот најдобар тенисер на почетокот на претходната седмица беше рангиран на 750-то место со 27 поени, а со победата во Грција доби дополнителни 15 поени и со вкупно 42 забележа скок од 117 места, што е одлично за 18-годишниот тенисер.

Само уште еден наш тенисер е под илјадитото место, а тоа е Горазд Србљак како 997-рангиран со 11 поени.

Шпанското дуо Карлос Алкараз и Рафаел Надал остана на првите две места на светската ранг-листа што излезе денеска.

- Оглас -

Најнови вести