Дува промаја во одбраната на германскиот првак – Од Баерн повеќе голови примија само три тима

Одбраната на Баерн Минхен што е заштитен знак на најтрофејниот германски клуб игра лошо во новата сезона во Бундеслигата и од актуелниот првак само три тима примија повеќе голови.

И вчера дефанзивата на Баварците повторно беше лоша и по поразот од 3:2 во Менхенгладбах, Баерн е во опасност да го загуби врвот на табелата, ако денеска Лајпциг ја победи Борусија од Дортмунд.

Со 24 примени голови на 15 меча во Бундеслигата, Баерн се израмни со Херта и токму со Борусија Менхенгладбах по бројот на примени погодоци, а пред нив се само Шалке 04 со дури 39 примени голови, Мајнц со 31 и Хофенхајм со 26.

Само како споредба, во последните две сезони во кои Баерн беше првак на Германија, тимот прими по 32 гола на вкупно 34 натпревари, а претходно беше шампион со само 28 примени голови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести