Издржа само 22 дена – Фиорентина го разреши Гатузо

Фиорентина и официјално се раздели со Џенаро Гатузо само по 22 дена откако екстренерот на Елиф Елмас беше назначен за наследник на Бепе Јакини. Двете страни ја прекинаа соработката која беше потпишана на две години, со опција таа да се продолжи на уште 12 месеци,

Политиката околу можните трансфери во екипата, односно различните стратегии на управата и Рино, доведоа до тоа неодамнешниот предводник на Наполи да си замине од Фиренца.

Со ангажманот на Гатузо беше најавен новиот проект на Виолетовите преку кој планираа да се вратат при врвот во Серија А, но управата сега има задача што поскоро да најде нов кормилар во пресрет на новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести