Издржливи се антисекс креветите од картон во олимпиското село (Видео)

Израелски спортисти се снимаа во Токио како се обидуваат да ја испробаат издржливоста на креветите од картон кои ги имаат во собите и видеото го објавија на „Тик Ток“. Организаторите на ЛОИ решија во собите во олимпиското село да стават „антисекс“ кревети, кои се од рециклирани материјали и може да издржат до 200 килограми, а се кршат при нагли движења, за да нема сексуални односи помеѓу спортистите за време на престојот таму.

Израелскиот бејзбол играч Бен Вагнер прв скокна врз креветот и креветот издржа. Потоа еден по еден почнаа да се качуваат врз креветот и други негови сонародници, а креветот од картон падна дури откако деветмина спортисти скокнаа истовремено врз него.

Погледнете како изгледаше „тестирањето“ на креветот:

- Оглас -

Најнови вести