Изгубивме од Србија во кошарка? Дали во таа земја има храна?

Репрезентацијата на САД ќе се бори за седмото место на Светското кошаркарско првенство во Кина откако вчера загуби од Србија. Американците се најголемо разочарување на турнирот, а по вториот пораз во низа (претходно загубија и од Франција), следуваше лавина од секакви коментари на социјалните мрежи.

Интересно е што во коментарите не беше поштедена и Србија, а посебно внимание и реакција предизвика еден коментар на „Твитер“.

„Изгубивме од Србија во кошарка? Дали луѓето во таа земја имаат храна?“, пишуваше на еден твитер-профил, кој потоа доби многу реакции. „Мојот твит за Србија стигнал и до Србија. Доста Срби ме означија. Воопшто не знаев дека во Србија има и интернет“, пишува во вториот дел од реакцијата.

На друг твит се споредува големината на двете земји и се омаловажуваат американските кошаркари. „Загубивме од Србија која има ист број жители колку Индијана. Може ли следниот меч да ги пратиме да играат женската фудбалска репрезентација? Пратете ги кошаркарите веднаш дома и натерајте ги да пливаат до таму“, стои на социјалната мрежа.

 

- Оглас -

Најнови вести