Изјавата на Обамејанг за Тухел од пред една недела денеска е главен хит на социјалните мрежи!

Една од причините кои го привлекоа Пјер-Емерик Обамејанг во Челзи беше присуството на Томас Тухел на клупата на Сините. Оба и Тухел заедно беа и во Борусија Дортмунд, се надеваа на успешна соработка и во Лондон.

При доаѓањето во Челзи, Габонецот изјави дека е среќен што повторно ќе работи со Тухел, а денеска откако Тухел доби отказ, изјавата стана хит и цел на потсмев.

Испадна дека тие двајца во Челзи имаа само еден заеднички натпревар, оној со Динамо Загреб, на кој Обамејанг не се прослави.

- Оглас -

Најнови вести