Излезе сам пред голман и се уплаши, не знаеше што треба да направи (Видео)

Дуелот од втората шпанска лига меѓу Мајорка и Албасете ќе се памти по неверојатно лошата реакција на гостинскиот фудбалер Ману Фустер во 71 минута. Дуелот заврши без голови, а Албасете може да жали што не постигна гол, откако Фустер излезе сам пред голманот, имаше многу опции за да стигне до реализација, но тој ја одбра најлошата.

Пред да се случи ова чудно промашување, домаќините исто така пропуштија голема шанса за погодок, затоа што во 54 минута беше досуден пенал за Мајорка, но ударот од најстрога казна не беше претворен во погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести