Изминува времето, приложете ги вашите прогнози во 22-то коло на Спортска прогноза

Претстојното 22-ро коло на Спортска прогноза ќе се затвори во 15:30 часот, односно со почетокот на бундеслигашкиот дуел меѓу Фрајбург и Хофенхајм. Тој е еден од 13-те натпревари кои се понудени за прогнозирање во ова коло, во кое како и секое останато се атакува на примамливиот iPhone XS.

Има доста интересни дуели кои ќе ве замислат пред да ја приложите својата прогноза, особено дербијата меѓу Порто и Бенфика, односно Интер и Милан. Неивесно ќе биде и баскиското дерби меѓу Сосиедад и Билбао.

Правилата и добивките се стандардни како во секое коло. „Среќна 13-ка“ ќе ви донесе мобилен телефон iPhone XS. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека со 11 погодоци ќе добиете ваучер од 500 денари. Вклучувајќи ги резервните парови кои се сметаат во Генералниот пласман, продолжува трката за првото место кое засега припаѓа на Т. Христијан со 152 точни прогнози, а тоа место носи награда Смарт ТВ 48 инчи.

Повелете со вашите прогнози, а секогаш има неограничено место и за нови прогнозери кои се добредојдени. Наградите се одлични, забавата е загарантирана, секогаш е поинтересно кога има дополнителни мотиви за следење на натпреварите, а Sport Life наградува со телефони, ваучери, телевизори, СЛ Маркет поени…

- Оглас -

Најнови вести