27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Изненадување на стартот на Отвореното првенство на Австралија

Бернарда Пера, американската тенисерка со хрватско потекло, приреди изненадување на стартот на првиот овосезонски гренслем со триумфот од 2-0 во сетови (6-0, 6-4) над шампионката од 2016 година Анџелика Кербер.

Моментално 63-тата тенисерка според ВТА-листата само за 18 минути го освои првиот сет, а потоа и поведе со 3-0 во гемови во вториот сет по два брејка. Кербер возврати со еден одземен сервис, но до крајот Пера ја задржа контролата врз мечот и ја искористи втората меч-топка за победа.

Во второто коло Пера ќе се соочи со Зарина Дијас. Во меѓувреме, Наоми Осака триумфираше со 6-1, 6-2 над Анастасија Павличенкова.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1358615368592457729

Во машка конкуренција, Доминик Тим спасуваше сет-топка на стартот од мечот против Михаил Кукушкин, за потоа да слави со 3-0 во сетови (7-6, 6-2, 6-3). Австриецот се најде во негатива од 6-5 во првиот сет и направи брејк за 6-6, па лесно го доби тајбрејкот со 7-2.

Александар Зверев мораше со пресврт да се вади од шок против 73-топласираниот Маркос Хирон. Германецот го загуби првиот сет со 10-8 во тајбрејк, па и во следниот сет се играше тајбрејк кој Зверев го доби со 7-5, па следните два сета ги освои со 6-3 и 6-2 во гемови.

Стен Вавринка со триумфот од 3-0 над Суса се пласира во второто коло, со идентичен резултат славеше и Канаѓанецот Раониќ против Корија.

Гаел Монфис по речиси четиричасовна битка испадна во првото коло од Финецот Емил Русувури со 3-2 во сетови (3-6, 6-4, 7-5, 3-6, 6-3).

- Оглас -

Најнови вести