Изненадување: Сити го вработи наследникот на Гвардиола

Актуелниот договор на Пеп Гвардиола со Манчестер сити важи до јуни 2021 година. Поради успехот кој го оствари клубот во изминатиов период, во таборот на Граѓаните веруваа дека ќе може да го задржат Шпанецот и на подолг период. Сепак, постои страв дека тој план нема да им успее, па затоа направија изненадувачки потег кој никој не го очекуваше.

Манчестер сити потпиша договор со Џовани Ван Бронхорст, неодамнешниот тренер на Феенорд. Пензионираниот холандски фудбалер веќе еден месец работи во просториите на Сити, а сега потпиша соработка која му овозможува детално да ја следи работата на Гвардиола и сите внатрешни операции на клубот. Воедно ќе ги следи и младинските категории, па ако дојде време за разделба меѓу Пеп и Сити, Ван Бронхорст ќе биде човекот кој ќе го наследи кормилото.

Фудбалската јавност во Англија се изненади од овој потег на Сити, бидејќи сите предвидуваа дека Микел Артета ќе го преземе кормилото по ерата на Гвардиола. Артета му е десна рака од првиот ден на екстренерот на Барса по започната авантура во Манчестер во 2016 година, но се чини дека челниците на клубот не се подготвени да му ја доверат тешката задача на неискусниот Шпанец.

- Оглас -

Најнови вести