Изолацијата лошо му влијае некому: Голманот на Олимпија ги згрози фановите (Фото)

Голманот на Олимпија Љубљана, Матија Орбаниќ, се најде во центарот на вниманието поради една негова објава на социјалните мрежи. Чуварот на мрежата на словенечкиот тим се пофали дека убил зајак, а во описот напишал „Кога веќе не можам да фатам девојка, барем зајци можам да ловам“.

Оваа фотографија на Орбаниќ наиде на остри критики кај фановите, но и кај друштвата за заштита на животните.

„Во оваа глобална криза, кога фудбалерите низ целиот свет помагаат и ја покажуваат солидарноста, Матија времето го поминува како се фотографира со убиен крвав зајак во рацете. Во најмала рака, јавните личности не треба да го прават тоа. Очекуваме јавно извинување за целата ситуација“, стои во реакцијата од Друштвото за заштита на животните во Марибор.

- Оглас -

Најнови вести