Израелски министер го нападна Јамал за веењето на палестинско знаме

Постапките на крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, за време на прославата на титулата во понеделникот предизвикаа многу реакции.

Јамал побара од еден навивач на Барса да му го фрли палестинското знаме. После тоа, го развеа знамето, па дури и објави фотографија од тој момент на своите социјални мрежи.

Ова однесување на Шпанецот наиде на позитивни реакции во муслиманскиот свет, а негодување изрази израелскиот министер за одбрана, Израел Кац.

„Ламин Јамал избра да поттикне акции против Израел и да поттикне омраза додека нашите војници се борат против терористичката организација „Хамас“, која масакрираше, силуваше, палеше и убиваше еврејски деца, жени и стари лица на 7-ми октомври. Секој што поддржува таква порака треба да се праша: дали ова изгледа хуманитарно? Дали е ова морално?“, напиша министерот на својот профил на „X“.

Министерот, исто така, ги сподели своите очекувања Барселона да се дистанцира од овој чин на Јамал. Тренерот Ханси Флик веќе коментираше, рече дека не му се допаѓа што Ламине Јамал го развеал палестинското знаме и дека дури и разговарал со него за тоа, но дека играчот е полнолетен и сам одговара за постапките.

- Оглас -

Најнови вести