Изрешетан локалот на родителите на сопругата на Меси, напаѓачите оставиле морничава порака за Лео

Во родниот град на Лионел Меси, Розарио, утринава во три часот по локално време непознати напаѓачи со огнено оружје нападнале локал во сопственост на таткото на сопругата на фудбалерот, Антонела Рокуцо.

Освен нападот, во којшто учествувале две лица, пред објектот била оставена и порака наменета за Меси.

„Меси, те чекаме. Јавкин (градоначалникот на Розарио) е дилер и нема да ти помогне“, пишувало во пораката.

Полицијата објави дека кон локалот биле истрелани 14 куршуми, додека локална телевизија се сомнева дека мотивот на напаѓачите бил уцена, односно обид да изнудат пари од ѕвездата на ПСЖ.

Родителите на Антонела Рокуцо, Хосе и Патрисија, според аргентинските медиуми, се потресени од случајот. Тие се сосема обични луѓе кои не зависат од нивната ќерка и зет и со сопствен бизнис заработуваат за живот.
Меси поседува вила во предградие на Розарио која луѓето ја нарекуваат „Тврдина“.

- Оглас -

Најнови вести