Изрешетан поранешен фудбалер во Јужна Африка

Некогашниот фудбалер Марк Батчелор е убиен додека се возел во својот автомобил во близина на својот дом во Јоханесбург. Според првичните сознанија, врз Марк било пукано од лица кои биле на мотоцикл и поминувале покрај автомобилот на некогашниот фудбалер.

„Погоден е низ прозорот на неговиот автомобил. Неколку куршуми завршиле во неговото тело и умрел на самото место“, објаснува портпаролот на полицијата, Лунгело Дамини.

Засега не се познати ниту мотивите, ниту сторителите на убиството, а полицијата покренала истрага.

- Оглас -

Најнови вести