Изведен еден од најбизарните пенали, фудбалерот се посрамоти (Видео)

Победникот во финалето на бразилскиот Куп Вердe помеѓу екипите на Пајсанду и Куијаба мораше да се решава по изведување на пеналите. Пајсанду имаше предност од 1:0 по првиот меч, но Куијаба успеа да даде гол во судиското надополнување и да се избори за продолженија, а потоа и за пенали.

Во пенал-рулетот беше 4:4, кога одговорноста ја презеде играчот на Куијаба, Николас. Тој го изведе еден од најбизарните пенали и на крајот се посрамоти. Го утна целиот гол, а неговиот тим го загуби финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести