Извлечена ждрепката за Купот, јасно е кои се фаворити за трофејот

Во Ракометната федерација на Македонија беше одржан ждребот за претстојниот Куп на Македонија. Одреден е составот на групите од почетната фаза, а мечевите се закажани за 26/27 април. Завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.

Дополнително ќе бидат познати домаќините на четирите групи. Доколку нема пријавено организатори, тогаш финалниот натпревар од групата ќе се игра на теренот на екипата со помал број.

Во оваа фаза од натпреварувањето присутни се сите дванаесет суперлигаши, а списокот го пополнуваат и четири екипи од пониската прволигашка конкуренција.

Алкалоид е бранителот на титулата, а меѓу фаворитите тука се и Еурофарм Пелистер и Вардар. Битолчани треба да имаат лесна задача во оваа фаза затоа што за ривали имаат екипи од долниот дел од табелата во домашниот шампионат.

Вардар за ривал го доби тимот на Бутел Скопје и доколку слави, ќе игра против победникот од Борец ФЛ и Еурофарм Пелистер 2 за место на завршниот турнир.

Куп на Македонија, групна фаза:

група 1 Алкалоид (1) – Мулти Есенс (4) Партизан Гевгелија (2) – Пролет (3)

група 2 Еурофарм Пелистер (1) – Куманово (4) Радовиш (2) – Струга (3)

група 3 Вардар (1) – Бутел Скопје (4) Борец ФЛ (2) – Еурофарм Пелистер 2 (3)

група 4 Прилеп (1) – Охрид (4) Тиквеш (2) – Аеродром (3)

- Оглас -

Најнови вести