Јамаха го претстави новиот „ѕвер“ на Валентино Роси (видео)

Јамаха го претстави новиот модел на мотоцикл YZR-M1, со кој Валентино Роси и Маверик Вињалес ќе се натпреваруваат во новата сезона во Мото ГП. Новите бои и мотоциклот беа претставени во Џакарта на настанот „Beast mode on“, а исто така го претставија и новиот спонзор, енергетскиот пијалок „Monster“.

Од Индонезија тимот на Јамаха ќе се упати кон Малезија, каде што во Сепанг за два дена ќе ги започнат претсезонските подготовки. Новата сезона започнува на 10-ти март, со трката за Големата награда на Катар, а светската титула ќе ја брани Марк Маркес и неговата Хонда.

- Оглас -

Најнови вести