Ја фрли топката во публика и го казнија пет годишни просечни плати во Македонија

Лос Анџелес клиперс го доби градското дерби против Лејкерс, а по завршување на средбата, еден од најрадосните беше Патрик Беверли. Играчот на Клиперс реши да ја фрли топата во публиката, а најсреќниот си доби убав сувенир.

Сепак, НБА овој потег на Беверли го смета како непристоен и против правилата, па затоа реши да го казни дури со 25.000 долари. Кошаркарот се извини за својот потег и нормално ќе си ја плати казната.

„Навивачите беа сјајни и едноставно сакав да им ја подарам топката. Се извинувам“, напиша Беверли на „Твитер“.

 

- Оглас -

Најнови вести