Ја наполнивме мрежата на Андора, но и победата од 6:0 може да биде Пирова

Македонија ја декласира Андора со 6:0 во последното претквалификациско коло за настап на Европско првенство, но и убедливата победа може да ни биде Пирова и недоволна за настап во квалификациите.

Полска и Република Ирска ремизираа 2:2, резултат што им одговара на двете селекции, кои завршија на првите две места во групата.

Македонија е трета и ќе чека разврска од останатите групи за да се надева дека ќе биде меѓу најдобрите третопласирани селекции што ќе продолжат во главните квалификации.

Само четири од нив од вкупно 13 групи, како најдобри третопласирани селекции ќе се пробијат во главните квалификации за пат на ЕП.

Почнавме одлично со Андора и со автоголот на Акоста во деветтата минута веќе водевме со 1:0. Потоа гол во првото полувреме даде и Назифи, кој беше прецизен и во финишот на мечот.

Во меѓувреме, двапати погоди и Стојанов, еднаш и Ѓорѓиевски за најубедливиот триумф на турнирот во Република Ирска, на кој сепак завршивме на третото место со 4 бода, зад Република Ирска со седум и Полска со пет бода.

 

- Оглас -

Најнови вести