Ја нема династијата – Црвените крилја комплетно се скршија (Видео)

Детроит ред вингс реди само порази во новата сезона во НХЛ и се уште нема победа во регуларен дел, што е изненадување и лош ефект за клуб со богата традиција и 11 трофеи во клупската колекција.

Членот на „Оригиналните шест“, или еден од основачите на НХЛ лигата и ноќеска загуби од Каролина со 1:3, по што остана на последното место во Источната конференција.

Детроит има само 4 поени и скромни 20 постигнати голови. Кризата во „Мотор сити“ е очигледна, а времето на династијата од последните години на минатиот век и првата деценија од новиот милениум очигледно е оддамна завршена.

Популарните Ред Вингс доминираа долго време во НХЛ, во ерата на руската петорка Федоров, Ларионов, Фетисов, Козлов и Константинов беа неприкосновени во лигата и се вториот најтрофеен клуб со 11 Стенли куп трофеи, зад Монтреал со 24.

Сега мака мачат да побегнат од фенерот во својата конференција и имаат само една победа во девет меча и тоа по продолженија против Флорида.

https://twitter.com/NHL/status/1054558021827919872

- Оглас -

Најнови вести