Ја снема магијата на Хамес, Евертон пак е оној стариот

Прв пораз за Евертон сезонава во Премиерлигата. Тимот на тренерот Карло Анчелоти кој имаше четири победи во првите четири кола во Премиерлигата, а потоа одигра 2-2 со Ливерпул, денеска беше надигран на „Сент Мери“ од Саутхемптон со 0-2. Саутхемптон има три победи и едно реми во последните четири кола, па дојде на само три бода зад лидерот Евертон.

За Евертон, ова е традиционално тешко гостување, на југот на Англија загубија шест од последните осум посети. Дени Ингс првпат во кариерата имаше две асистенции на еден меч, и веќе во 35-та минута кога домашните водеа со 2-0 се знаеше дека гостите немаат шанса. Евертон никогаш не добил премиерлигашки меч после негатива од 0-2.

Ова е прв меч сезонава на кој Евертон не даде гол. Колумбиецот Хамес Родригес кој е најзаслужен за добрите резултати на Карамелите, се вклопи во сивилото на тимот од Ливерпул.

Лоша вест за Анчелоти е што две кола по ред негови играчи добиваат црвен картон. Денеска беше исклучен Дињ за еден „убиствен“ старт од позади на 20-тина минути пред крајот. Сега веќе нема непоразени екипи во англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести