Ја снема магијата во второто полувреме – Вардар загуби од Кил (Видео)

Вардар имаше сили само за едно добро полувреме, првото во Скопје вечерва против Кил, и загуби со 29:26 во меч од А групата во Лигата на шампионите.

По фантастичниот прв дел на македонскиот првак и предноста од 13:10, што, пред сè, ја донесоа Мартин Томовски со 11 одбрани и Тимур Дибиров со 7 гола, дојде до голем пад во играта на Вардар.

Кил успеа од 10:13 само по десетина минути игра во второто полувреме да израмни на 18:18, а потоа да стигне и до голема предност од 25:21.

Се разиграа Дувњак со 7 гола и Пекелер со шест погодоци и беа главните фактори во победата на Кил. Се разбрани и Ландин со вкупно 10 одбрани и гостите ги освоија бодовите.

Кај Вардар најефикасен беше Дибиров со 10 гола, а Гаџа даде три. Томовски имаше 14 одбрани, а Вардар го претрпе третиот пораз во шестото коло и остана на шестото место со 5 бода.

Во следното коло на 18 ноември, Вардар ќе му гостува на ПИК Сегед во Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести