Ја спаси Херта од испаѓање и доби отказ – Лабадија е минато, нов тренер е легенда на клубот

Бруно Лабадија успеа да ја спаси Херта од испаѓање во ланската сезона, но тимот од Берлин игра лошо и бележи слаби резултати во овој циклус на натпревари во Бундеслигата, па раководството немаше милост.

Лабадија доби отказ, а на негово место доаѓа клупска легенда со најмногу настапи за Херта во историјата. Пал Дардаи е именуван за наследник на Лабадија и ќе се обиде да ја заврши истата мисија како и неговиот претходник и да го спаси клубот од испаѓање.

Дардаи беше тренер на Херта од 2015 до 2019 година и потоа беше префрлен во младинскиот тим. Унгарецот одигра над 300 натпревари за берлинскиот клуб и е рекордер со најмногу настапи во „сино-белиот“ дрес на познатата германска екипа.

Моментно Херта е во серија од четири меча без победа во германското првенство и падна на 14-тата позиција на табелата, само две места над опасната зона за испаѓање од Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести