Ја утна ли Антонио Лигата на шампионите за Вест Хем? (Видео)

Вест Хем загуби два значајни бода против Арсенал, прокоцка голема предност од 3:0 во лондонското дерби што заврши 3:3, а огромна утка имаше и Мајкл Антонио при резултат од 3:2 за Чеканите.

Напаѓачот и втор стрелец на Вест Хем промаши од само еден метар, поточно ја погоди стативата и пропушти шанса да го доведе својот тим на прагот на победата.

https://twitter.com/BenrahmaTeam/status/1373679393415983105?s=20

Антонио беше стрелец на еден гол, вкупно седми во Премиерлигата сезонава, но промашувањето во 77. минута може скапо да ги чини Чеканите.

По ремито со Арсенал „паднаа“ на петтото место, кое не води во Лигата на шампионите, а ќе назадуваат за уште една позиција, ако Тотенхем вечерва успее да ја победи Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести