Ја видовте ли магијата на Федерер за крај? Мора да се оди на реприза за да се објасни неверојатниот удар на легендата (Видео)

Роџер Федерер се прости од тенисот на спектакуларен начин, иако со пораз во двојки на Род Лејвер купот во Лондон, а за крај повторно изведе магија.

Одигра поен, за кој на прв поглед и не беше јасно каде мина топчето, па појасно оригиналниот потег на Швајцарецот може да се види со репризирање на моментот.

По ударот на Федерер, топчето мина низ мрежата и тоа во делот што е закачен со основата, а ударот беше хируршки прецизен и веројатно и прв таков што ќе го видите на тениски меч.

Интересна беше и реакцијата на неговиот дубл партнер, Рафаел Надал, секако и на Новак Ѓоковиќ, кој беше во тимот на Европа заедно со нив, но и на селекторот на противничкиот тим, легендарниот Џон Мекинро.

Федерер и Надал во прошталниот меч на Швајцарецот загубија со 1:2 во игра на двојки од Сок и Тиафо, а имаше многу емоции и солзи на последниот меч на големата тениска легенда.

 

- Оглас -

Најнови вести