Јадранскиот првак „падна“ во Загреб

Цибона славеше значајна победа против шампионот Будуќност со конечни 83:77 во 11. коло од АБА лигата. Загрепчани им го нанесоа третиот пораз сезонава на јадранскиот првак, кој сега заостанува три бода зад лидерот Црвена ѕвезда.

Домаќините цело прво полувреме и речиси цела трета четвртина беа во негатива, а по серија од 19-7 во последните неколку минути во третиот период стигнаа до прва предност на средбата. Цибона фуриозно го отвори решавачкиот период, во еден момент имаа и +13, а црногорскиот состав немаше сили за пресврт во финишот.

Maркота реализираше 23 поени за Цибона, Љубичиќ заврши со еден помалку, додека кај Будуќност Гордиќ беше најефикасен со 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести