Јаховиќ со мајсторски гол не му дозволи на гигантот Фенербахче да се радува (Видео)

По пауза од нешто повеќе од еден месеци, Адис Јаховиќ повторно стрела за Гезтепе. Македонскиот репрезентативец погоди на свој терен во дуел со турскиот гигант Фенербахче, во мечот кој заврши 1:1.

Гостите беа големи фаворити за победа, но Јаховиќ не признава фаворити. Во 40 минута, „украде“ една топка на средината од теренот, тргна во контра напад и успеа да го матира гостинскиот голман.

Фенербахче во вториот дел успеа да израмни на 1:1 и да се спаси од пораз, на гостувањето кај тимот кој е во зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести