Јаховиќ во тесна битка со ексикграч на Њукасл за најдобар стрелец во Турција (видео)

Адис Јаховиќ ја продолжи одличната голгетерска форма и во денешното реми на Јени Малатијаспор од 2-2 на гости кај Касимпаша. Искусниот македонски интернационалец стрелаше за 1-1 во 61-та минута, и така го запиша деветтиот овосезонски погодок во турскиот шампионат.

Јаховиќ на тој начин се најде на лидерската позиција на листата стрелци во првенството, а води тесна битка со Папис Сисе, поранешниот играч на Њукасл и сегашен член на Аланијаспор, кој исто така има девет гола на своето конто.

Иако е рано да се предвидува кој ќе биде најдобар голгетер по крајот на сезоната, доколку Јаховиќ продолжи со ова темпо ќе нема проблеми да се бори за индивидуалната награда.

https://twitter.com/MacedonianFoot/status/1191021014953742336

- Оглас -

Најнови вести