Јаја Туре направи скандал: на хуманитарците им нудел дружба со 19 проститутки

Некогашната ѕвезда на Барселона и Манчестер сити, Јаја Туре, направи скандал поради кој нема да настапи на утрешниот хуманитарен натпревар „Сокер еид“. Екс играчот од Брегот на слонова коска, бил во хотел со останатите учесници на мечот, и на колегите им нудел да присуствуваат на журтка на која тој ќе повика 19 проститутки.

Тој поканата им ја испраќал на сите учесници, меѓу кои има и жени фудбалерки, па тие се пожалиле кај организаторот. Освен предлогот за журка, тој споделил и една порнографска снимка, што ја прелило чашата. Туре е избркан од хотелот и нема да игра утре. Тој се извини за непристојните „шеги“ и призна дека е виновен.

Туре е оженет и има три деца.

Во тимот на Англија на овој хуманитарен меч во организација на УНИЦЕФ треба да играат Ешли, Џо и Енди Кол, Герет Бери, Вес Браун, Мајкл Хески, Мајкл Овен, итн. Во тимот на светот ќе се појават Шеј Гивен, Дарен Флечер, Микаел Силвестре, Патрис Евра, Клод Макелеле, Роби Кин, и други.

- Оглас -

Најнови вести