Јаја Туре поцрвене за 10 секунди! (Видео)

Последниот настап на Јаја Туре во дресот на кинескиот клуб Чингдао Хунхгаи, заврши после само 10 секунди. Фудбалерот од Брегот на слоновата коска, во првата акција удри противнички играч од екипата на Нантонг, и по прегледување на снимката, судијата му покажа црвен картон.

Туре кој има 36 години, прослави влез на тимот во првата кинеска лига, но веројатно нема веќе да настапува таму. За поранешниот играч на Барселона и Манчестер сити, ова е само трети црвен картон во кариерата во која одиграл повеќе од 600 натпревари. Претходното исклучување му беше пред пет години, на мечот од Лигата на шампионите помеѓу Сити и ЦСКА Москва. Тој во кинескиот второлигаш дојде во јули, и на 14 меча имаше два гола и три асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести