Јаја Туре стана тренер, и тоа во земјата од каде што започна неговата европска кариера

Поранешниот играч на Манчестер сити и Барселона, Јаја Туре, започнува тренерска кариера. Туре е назначен за помошник-тренер во тимот на Олимпик Донецк во Украина. Во изминатиот период Туре беше дел од неколку тренерски школи во Англија, а сега првпат ќе седне на клупата на еден тим, и тоа како помошник.

Донецк е добро познато место за Туре затоа што тоа е градот во којшто првпат заигра во Европа како фудбалер. Од 2003 до 2005 година го носеше дресот на Металург Донецк, а сега ќе биде тренер во Олимпик, кој моментно е на седмото место на табелата.

„Прекрасно е што се вратив тука во Украина за да го започнам тренерското патешествие. Благодарен сум на Олимпик за понудата која ми ја даде“, рече Туре.

- Оглас -

Најнови вести