Јаја Туре во Кина како да игра против мали деца (Видео)

Јаја Туре како да не старее. Барем така делува кога ќе се видат потезите што ги прави на 36-годишна возраст во Кина. Играчот кој повеќе од 10 години беше еден од најдобрите играчи за врска, а ги бранеше боите на Барселона и Манчестер сити, сега е дел од кинеското првенство.

Пред неколку дена со тимот на Кингао Хуангаи се избори за промоција во првата лига откако неговиот тим е водечки со 57 бодови на едно коло до крајот на првенството. Туре е еден од најзаслужните што Кингао Хуангаи се избори за влез во првата лига.
„Испишавме историја. Промоција во прва лига! Кингао Хуангаи ќе биде таму каде што заслужува да биде, во најсилната лига во Кина. Горд сум што можам да му помогнам на клубот да го направи овој успех, но јас сум играч кој сака титули!“, порача Туре.

Во компилацијата на потези кои ги правеше Туре во изминатава сезона делува како фудбалот да е најлесна работа на светот, а на теренот како да играл против мали деца.

https://youtu.be/TqF4HCAb4L8

 

- Оглас -

Најнови вести